Уметност за која не постојат ограничувања

За својата уметност вели дека станува збор за ракоделие кое бара многу време и труд и многу мирна душевна и телесна состојба.

11357287_10205613747320353_7939924675420017988_o

Уметницата Маја Филиповиќ, родена 1984 година е дипломиран филолог по македонска и јужнословенска книжевност при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје. Во моментов е на постдипломски студии на истата насока. Со ракоделие се занимава пет години и е самоук уметник и вели дека е можно да се изработи и од некој кој доста доцна почнува со ваквата определба.

За својата уметност вели дека станува збор за ракоделие кое бара многу време и труд и многу мирна душевна и телесна состојба.

„Многупати ми се има случено да работам без мир во себе. Изработката на крај ме покажува мене и мојот немир. Прецизноста која се бара за да се постигне максимумот, а јас сакам да го добијам тој максимум, ги бара и овие услови.“

Темите кои ги обработува во своите дела се опширни и вели дека она што таа го прави е многу мал дел од она што е можно да се изработи со срмата.

„Почнав со крстот-православниот симбол и секако најголема радост ми претставуваше тој. Но полека се рашири палетета на тоа што може да се изработи. Инаку, работам со дебел конец, постои еден потенок и еден доста подебел, верувам ретко кој изработува слики од него, зборувам за подебелиот. Мојот вкус вели дека тој е премногу груб за ваква нежна изработка. Самата изработка ја украсувам со конфети и монистри, зависно од тоа за што станува збор и дали има потреба. Целта ми е да се рашири темата која срмата ја опфаќа и да се разбие мислењето дека со неа можат да се изработуваат само неколку мотиви.”

Од симболите присутни се крстот, пеперутката, пафтата и носиите како изворни македонски симболи. Изработките од срма на Маја Филиповиќ се едни и единствени, нема сличности, замена, ниту приближност во темите со други изработувачи.

„Ако се земе во предвид дека истата изработка секое лице различно ќе ја претстави станува уште појасно колку е сето издвоено од она што го знаеме за срмата. Ќе си дозволам да кажам дека ме радува самиот труд, самиот финален производ. Искрено не верувам дека е можно да се остане рамнодушен, ако е се’  во согласност сработено. Кога една изработка ќе се стави во рамка, а постои широк избор на бои, материјали и форми, не постои шанса да не и се  насмевне човек. Тоа се слики кои траат, тоа не бледнее, не венее, не се губи, а за разлика од ограничувачките теми сега може да се види дека изработката од срма заслужува место во домовите кои сакаат да имаат ваков вид на уметничко дело како украс без да е етно мотивот причина за да се предомислат. Разновидноста на боите повторно го потврдува невистинитиот став дека за неа постојат ограничувања.”

За безвременоста на Вашата уметност.

“Не велам дека е помалку или повеќе вредна, велам дека е достојна да стои во редот на она што треба да биде ценето како личен производ од лице кое иако така лесно подложно на неисправности успева, Слава Му, да создаде нешто исправно.” вели уметницата.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Уметност во секојдневните предмети
Кога ќе ни кажат „накит“ обично помислуваме на светкави предмети од злато...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *