Виме полно крв

demo-martin

Мајка ми земја

Мојата мајка ми даде живот,
ме напои и со млеко, за тој течен симбол,
еликсир, ми даде стимул за животот,
дека ќе проодам, прозборам, дека ќе се повредам

Ми даде од највкусното овошје
И од најсочниот зеленчук
Ме одведе на најубавата ливада
Ме остави да потчинам под најгустото дрво
Покажа дека е во ред кога ќе паднам.
Полн рани кои гнојат, но јас повторно станувам

Но неодамна почнав да се прашувам
Неодамна почнавда копнеам
По една изрека, по една фантазија,
И не ми е повеќе убаво,
Се сметам за производ на чедоморство
Ме гуши, само чемер ми задава во душа

Не го сакам повеќе тоа горчливо, прегорено млеко
Па мајко зошто не изпазариш мед
Јас немам страст за живот покрај тебе,
Јас не сум повеќе среќен кога сум крај тебе

Ти лажеш, ти не ме сакаш
Јас постојам за тебе да те восхитам
За ти на крајот од денот да заспиеш мирно
А јас да крекам во дубаче во кое повеќе нема место

Ја најдов книгата и го прочитав пасусот
Иако толку долго, cебично го криеш тоа од мене
Сфатив што ми треба за да продолжам, за да сум среќен
И јас сакам мед мајко!

Прочитав и замоите браќа и сесри
За кои никогаш не си ми спомнала
Тие те напуштиле во потрага по мед
Твоето млеко веќе се претвори во глет

Но се помирив, сфатив, не секоја мајка
може да обезбеди млеко за своето чедо
А ниедна пак непружила мед
Не си ти крива мамо. Дистопија е

 

Црн ат

Ограничено во рамките на овие ѕидови.
Место без мислост, место на гревот…
Нема ништо од правила поркај оваа очајничка толпа.
Теоријата на хаосот е создадена тука.

Сите заробеници на стравот,
животот темпира далеку и бега надвор од видик.
Ова легло на шарена чума е крајот кој го негираме,
хаосот ги потпишува камењата над нас.

Зошто никој не приметува?
Како ламја в оган не обвива.
А тој црн ат да го јава секој сака,
да пати мора иако модалноста создава мака

Една река, една ведрина.
Еден човек кој ја прифаќа,
никој ништо не му додева.
Низ мастило на хартија пропливува

А тој ат него, не го восхитува,
знае со себе си да ја бара среќата.
Животот сака да го испитува.
Свесно одбива на галопот и одболува

Соочувајки се со неа, топло срце душа некаде.
Ми подели еден копнеж за мене.
Тој ат во мене, повеке не сади негово семе,
толку ведро толку спокојно, за миг се свртев и…

Сите дома, сите во тугина.
Ни трошка радост по улица.
Премногу умреа за една празна причина.
Иако го сакаат сите, само еден може да го припитоми.

 

Туѓинците

Кога Ева к’сна од јаболкото тие двајца се одвоија од све
Повеке не беа животни туку човечки суштества
Не знаат да љубт како нив, а осеќаат љубов повеќе и од бога

Повеќе не се Адам и Ева, туку Адам и Ева
Сега ги гледаат разликите,
влакната, градите, вагината, пенисот и умот, хибридноста
И Адам бранејќи се ја криви Ева,
а пак таа шири нозе во потрага по прочка, а не по љубов
Сепак сите ја имаме доживеано љубовта, како фетуси и никогаш повеќе

Свеста за човековата одвоеност е извор на срам, вина и тегобност
Ќе талкаме пусти со мислата дека сме единствени
И никогаш повеќе не ќе сме среќни

 

Виме полно крв

 

Овде каде што сонцето допира,
овде каде што неговата топлина опустошува
Не уверуваат дека на сува земја, зелена трева расте.
Сите очајно чекаме јадни и гладни.

Сите бдееме, бладаме и патиме,
вегетираме ко кактус, бодеме и бараме виме да не напои.
Но сепак во очај чекаме да ги отворат излозите,
лихварите и алкохоличарите да ги нахраниме.

Трчам по жежок песок, барам низ виртуелните ткаенини.
Гледам сите се надвикуваат, се продаваат и си пропагираат.
Емпириски молчат, на копче сите доминираат.
На крај на краиштата сите месија очекуваат.

Тој лажниот вели, на 4 години сите ќе се храниме.
На 4 години луѓе ќе конзумираме.
Тоа е ваше право велат тие.
Жедни сте? Само крв има за да се пие!

Јас сум гладен, јас сум жеден.
Не сакам да бидам спасен од вас,
не сакам да се хранам од нас.
Таа засирена рака не ја допирам.
Ко кинез нафта пијам, само крв да не пропијам!

Напојте се од крвавото виме. Но чим пресиса,
брат со брат, сестра со сестра не ќе се разликува.
Сите калливи одвнатре, крвави однадвор.
Хистерични ноктурнали, во душа само бол.

Еден ден знам ливада ќе најдам.
Чиста вода да вкусам,
зелена трева да погалам.
Спокојот да го почуствувам и некаде далеку од вас да зајдам.

 

Рептил

 Од секогаш присутен,
но никогаш забележан.
Сите болести тој ги прележа
Со своето купче свињи
зоба од останките.

Неговата кожа е канвас
прилагодувајки ги боите на секој од нас,
уметник без’рбетник со будалите капитура.
Се адаптира и туѓа среќа упива.

Со лично искомпониран реквием
едноокиот крал, ги води слепите
Обојувајки се, однадор крут
ужива да спие над изнутрици и шут

Монархот вепар
кој го секогаш го зграпчува денот.
Стрвен, со хорда од свињи,
док ништо не остане од пленот

 

Значењето

Јас не сум мудрец, но сепак Бог ил не,
некој го скротил огнот на живот на ова парче стврдната река.
Ја осеќам топлината кога таткото време
води љубов со мајка природа и дамата фортуна.
Ги ублажува моите сетила, тој природен козметички приозвод.

Почвата под моите стапала, отвореното небо и локуместо езеро.
Ме хранат преку погледот. Ме галат со секој здив.
Ме задоволуваат со секоја гребнатина и изжурканост.
Опиум за мојто тело, спасение за мојта душа

Слушам осамен кавал некаде таму далеку. Ја брка маглата.
Дури и членкотелесните сега се мои породнини.
Ми дава храброст, анимира да љубам.
И патот е пред мене сега.

Одведи го јагленосниот дим за да го вкусам на раат тој твој ајвар.
Напој ме со најчистиот живот. Доведи ме на највисокиот, најсуден врв.
Да стојам гордо како планина, да паднам осамено како најстарото суво дрво.
Издувај ме за да ја осетам радоста на гривестиот тревопас.

Одведи ме, бидејќи веке долго во исчекување ги бијам камбаниве.
За конечно некој да ме посети и да ме покани.
Таму каде што пролетта не заоѓа,
таму каде што мразот си подигрува со вечноста.

Научи ме како разнобојните перца ги поврзуваат небото и земјата
Како огнот може живот да даде и одземе.
И покажи ми го крајот на сево ова за да знам…
да знам дали никој нема да го означи гробот на последиот човек
Да знам дека значењето не се изгубило попат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.