Величествена градина

Мој личен фаворит е тактички одбраната и прекрасно култивирана бонсаи збирка.

IMG_2871

На само 35 километри од „Магнифисент мајл“ („Величествената милја“), т.е. строгиот центар на градот, што за метрополис како Чикаго престставува дури и блиска дестинација, се наоѓа една од најголемите туристички атракции на овој град. Ботаничката градина Чикаго која е основана пред нешто повеќе од 40 години, но поради својот отворен карактер многу бргу ги пленува жителите и посетителите на „ветровитиот град“. На 150 хектари се поставени „витрините“ на еден музеј под ведро небо, составен од вкупно 26 одделни градинарски секции, а распослан на девет островца „расфрлани“ во мирните лагуни на езерцето Скоки. Здивот истовремено се кочи од воодушевување, но и се полни со впечатоци дишејќи во прибежиште кое донесува најразлични билки на простор за кој ви треба повеќе од еден ден само да го протрчате. Многу важно што влезот не се плаќа. А доколку се решите да стигнете дотаму со автомобил ќе одвоите 25 долари за паркинг, иако доколку сте член на градината (што е редовна практика за во американски услови) и тоа е гратис!

Оваа градина е еден од најголемите конзерваторски центари и музеи на растенија во светот. Во 2013 година ја посетиле над еден милион луѓе. Фигури од грмушки, саеми на органска храна, рибници, затворени павилјони, до сабајле може да се реди што сè може да видите, но мој личен фаворит е тактички одбраната и прекрасно култивирана бонсаи збирка. Ако текстот и фотографиите се недоволни прочитајте нешто повеќе на следниот линк http://www.chicagobotanic.org/

ЖК

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Гладни сме
Куферите ми се спакувани, патувам за Вараждин, одам на „Шпанцирфест“. Еден од...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *