Ролан Барт – Смртта на авторот

Тоа што Барт, поедноставно кажано, сака да го каже, е дека треба да го одделиме Бодлер како човек/личност од неговата поезија, Ван Гог како личност од неговото сликарство

AVT_Roland-Barthes_4156

Идејата на Ролан Барт, француски теоретичар на литературата, философ, лингвист, критичар и семиотичар, е прилично едноставна: тој само сака да укаже на неутралната позиција на авторот во однос на неговото/нејзиното дело (во овој случај, литературно/текст) и на улогата на читателот на книжевно-уметничкото дело, во крајното оформување на делото како целина со сопствено значење, а во краен случај да укаже и на улогата и важноста на читателот за постоењето на самото дело.

Штом некој факт е искажан/напишан без намера да звучи како реалност, туку да дејствува како симбол, настапува смртта на авторот, гласот го губи своето потекло/изворност и започнува пишувањето. Во оваа смисла, Ролан Барт зазема доста порадикален и поостар/построг став од неговиот колега-семиотичар Умберто Еко (кој, нели, на пошеговит и похумористичен начин вели дека, за да биде разбран текстот, читателот треба да го користи сопствениот речник/вокабулар и својата енциклопедија од знаење), со самото тоа што на изразито посериозен начин ја обработува оваа тема: на самиот почеток, го употребува зборот смрт (на авторот), што се однесува на фактот (што е една од основните тези на, тогаш, современите книжевни теории) дека меѓу авторот и неговото дело нема рамномерна врска; дека, може парадоксално да се каже дури дека самото дело го пишува авторот; ги доведува во прашање изворноста на авторството, индивидуалноста на творештвото и, во краен случај, самата оригиналност (на делото); итн.

14114712188_3397e47f49

Авторот, според Барт, е модерна/современа појава, која произлегува од времето на средниот век, па преку англискиот емпиризам, францискиот рационализам и посебната верба во реформацијата, престижот на поединецот (човековата личност) го искачува на пиедестал. Тоа што Барт, поедноставно кажано, сака да го каже, е дека треба да го одделиме Бодлер како човек/личност од неговата поезија, Ван Гог како личност од неговото сликарство, Чајковски како индивидуа од неговата музика, итн.

Барт наведува неколку примери на книжевници/писатели кои, впрочем, го прават тоа што тој го теоретизира, како што се, на пример, Маларме, Валери, Пруст, надреалистите со нивните познати т.н. автоматски текстови, итн. Се до доцните 60-ти години од минатиот век, од кога потекнува и неговиот текст/есеј Смртта на авторот, Барт веќе има воспоставено репутација како предавач за овие теми, на разни Универзитети… Во 1967/68 год. Барт го пишува Смртта на авторот, што, во светлината на растечкото влијание на деконструктивизмот на Жак Дерида, се чини дека е како некој вид на транзиционален есеј, преку кој Барт ги истражува логичните крајни граници/стратуми на структуралистичката мисла. Литературниот текст (сфатен како дело) претставува мултидимензионален простор/место, на кое разновидноста на пишувањето или на различните и разновидни начини на пишување се мешаат и се противставуваат/си противречат едни на други и со тоа Барт, како теоретичар на книжевноста и како семиотичар, доаѓа можеби најблиску, од сите негови колеги, до заклучокот за една посебна метафизичка/езотерична структура на литературните/раскажувачки текстови (и на фиктивните, во кои магијата/волшебноста на јазикот несомнено доаѓа до израз и во нефиктивните/теоретски истражувања, кои, често пати, имаат призвук на окултистичка литература). Едноставно, Ролан Барт сака акцентот во значењето на еден раскажувачки текст да го стави на читателот/конзумент на самиот текст, а не на авторот! Литературната критика и критичарите сакаат да го откријат Авторот (неговиот општествен статус, историјата, психологијата, слободата, итн.)… Да му се даде на текстот на Авторот извесно значење, подразбира на текстот да му се наметнат извесни граници/ограничувања, да се одреди и дефинира тоа што е конечно означено, значи едноставно да се затвори тоа пишување (став што и одговара на литературната критика или барем и одговарал, во 60-тите години на минатиот век, па од таму можеби произлегува револтот на Ролан Барт)…

Пишувањето е мистична дејност и активност/ангажираност. Зборовите (речениците, текстовите, артиклите, идеите) можат да го променат и го менуваат човекот и светот! Да ја направиме и да ја доживееме таа промена!

 

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Пресек на македонската култура во едно време и простор низ еден скопски интелектуален (раз)говор
(за книгата Људмил Спасов. „Рудните слоеви на сеќавањето: разговори со Влада Урошевиќ“....
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *