Афоризми од Живко Павлов

zivko-pavlovАфоризмите на Живко Павлов ги потврдуваат имагинацијата и дарбата на овој наш автор. Тоа се густи асоцијативни сплетови, згустени мисловни и метафорички комплекси, брилијантни досетки… Овие вонвременски мали ремек-дела, напишани пред речиси петнаесет години, и денес звучат актуелно и воопшто не ја изгубиле својата сила и смисла.

Живко Павлов (1940) е македонски афористичар, автор на првата книга афоризми и епиграми по Втората светска војна во Македонија – „Пладневни кукурикања“, објавена во 1969 година. Изборот со кој го претставуваме овде е направен од неговата книга „Македонска поетска пародија“, објавена во 2000 година.   
Кој ти е на чело, ќе ти се качи и на главата!

[divider top=”no”]

Многу возачи ни гинат по патиштата, но затоа сообраќајот ни е жив.

[divider top=”no”]

Прегладнетиот човек во ѓеврекот гледа – ореол!

[divider top=”no”]

Нема смисла на човек кој цел живот држел говори да му се оддава почит со едноминутно молчење.

[divider top=”no”]

Мода која никогаш нема да одумре е – како да се сочува сопствената кожа!

[divider top=”no”]

Ние отсекогаш сме имале славно минато, неизвесна сегашност и редовно – светла иднина!

[divider top=”no”]

Во нашата земја „најлудата ноќ“ обично продолжува со будалаштини во текот на целата година!

[divider top=”no”]

За разлика од црквата, државата своите верници мора да ги плаќа.

[divider top=”no”]

Дури и кога ќе составиме крај со крај, забележуваме дека сме добиле нула.

[divider top=”no”]

Во дизајнот на новите наши банкноти ќе беше сосема прикладно ако се најдеше и ликот на некој наш истакнат СТЕЧАЕН РАБОТНИК.

[divider top=”no”]

Нашата држава е повеќе од правна, значи е – поправна.

[divider top=”no”]

Ние живееме без пари, но и тоа има своја цена.

[divider top=”no”]

Глуво доба: никој никого не слуша!

[divider top=”no”]

Тутуноберачите се опеани. Тутунодерачите ќе ни останат неопеани.

[divider top=”no”]

Има луѓе кои умеат да се прилагодат на секој општествен растур-систем.

[divider top=”no”]

Во Македонија сигурно ќе има предвремени избори на… убавици.

[divider top=”no”]

Чудо на природата: половина граѓанин, половина малограѓанин.

[divider top=”no”]

Политиката не е за секого. Тоа ќе ви го каже секој од оние три-четворица Македонци кои не се занимаваат со политика.

[divider top=”no”]

Политичарите се луѓе кои мудро одбиваат да бидат народ!

[divider top=”no”]

Цел живот нè толчат со успеси – неуспесите ќе нè дотолчат.

[divider top=”no”]

Leave a Reply

Your email address will not be published.