Низ објективот на Гема Спин

Гема Спин (Gemma Spin) е фотографка од Македонија што на уникатен начин го доловува своето опкружување. Фотографијата ја користи за да ги изрази своите емоции и чувства. Мрачно, надреално, магично, како од сенка, нејзините дела стануваат препознатлив ракопис на македонската креативна виртуелна мрежа.
„Не може да направиш фотографија само со фотоапарат. Чинот на фотографија го носиш од сите слики што ги имаш видено, од книгите што ги имаш прочитано, од музиката што ја имаш слушано и од луѓето што ги имаш сакано“ – Ансел Адамс.
Таа користи свои принципи и правила на кои се придржува во однос на фотографирањето на секоја поединечна фотографија со цел да пробуди многу емоции кај секого. Милена Ѓорѓевска е родена на 27.12.1984 година во Тетово, а нејзината работа креира свој концепт како да ја заскокотка нашата имагинација и да го пробуди чудниот живот во сите нас. Таа ја обожава живата природа и честопати прави и креира елементи и предмети што ги носат композициите од природни состојки, како што се цвеќиња, листови, дрво, трева и слично. Низ призмата, ваквите фотографии особено се важни за нашата сцена; таа своето внимание го посветува на секоја фотографија поединечно, особено на приказната што ја носи самото дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published.