Хари Ман – добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2014 година

harry-manХари Ман, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ која интернационалниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата ја доделува во соработка со УНЕСКО, е млад поет, роден во 1982 година во Бакингемшир. Работи како уредник, програм и дигитален издавач. Неговиот глас е исто така позајмен од Харпер Аудио за многу детски книги. Во 2012 година тој ја освојува третата награда на Меѓународниот поетски фестивал во Кардиф и втора награда на наградата „Измислени зборови“ на Интернационалниот ПЕН центар.

Негови дела досега се објавувани во неколку позначајни весници, а неговата дебитантска збирка поезија „Лифт“ за која и ја добива престижната награда на Струшки вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО, наградата „Мостови на Струга“ е во издание на издавачката куќа Tall Lighthouse.

Единствената Жена Која Чекорела Врз Месечината

Оваа мека страна на зглобов од ракава, збрчкана,
расцепена, планетоид, коскена прав, ситно парченце од сестра,
авантуристички ризикува кон најблиското небесно тело и ова?
Толку блиску и жешко, луѓето сигурно полудуваат.

Не се сеќаваш дека јас никогаш не бев тука?

Откритието

Летотот на Сатурн V ЅА-511
Аполо 16, КМ Сигнал за Идентификација Орион, ЛМ Сигнал за Идентификација Каспер
Команден Пилот: Џон В. Јанг,
Пилот на Командниот Модул: Томас К. Матингли
II,
Пилот на Лунарниот Модул: Чарлс М. Дјук Помладиот
16ти Април 1972
 

Еден Сатурн V ги отфрла тешките пердуви
во чадот, ѕвездичка од светлост што се издигнува,
резервоарот, слаб ко молив, кардани
се извиткуваат низ порталот
помеѓу нас и безвоздушните плиткости
на орбитата најблиску до нас.

И втората фаза се одвојува
и за краток миг
пилотите се заслепени
од пареата пожешка од гром
за да ги отворат очите
кон непрекинатата ноќ.

Колку е мирно ваму горе
контролата на мисијата станува ветер,
рацете ти стануваат полунебјето
разликата помеѓу денот и ноќта
во брмчењето на светлата
и чувство на дома
поблиско од огноотпорен план на летање
поблиско од боровинки исушени и замрзнати
звукот на твоето сопствено срце
во ноќното време
слика со креон
од син ти
каде пишува „Татичко“
со Месечината
нацртана виолетова
и стрела
за раководење.   

Ултразвук

Белата артерија на твојот ’рбет
лебди под духот на една пеперутка;

крилја напупуваат в лет
двапати во секунда, отчукување по отчукување.

Истмусот на твоето стапало ја удира течноста –
притисокот на сензорот е скокотлив.

Со ќошот на неговото биро докторот
кружи околу твојата зголемена рака со ракавици во светлина

и овој блескот,  оваа последна мисла на воздух
во дрвјата, е здивот на мајка ти.

Ноќно слеп ќе се затетерави назад
кон химната низ кликовите

на глава твоја што стврднува.
Оваа песна, тајна како прекинувач за светло,

такво ќе ти биде дишењето.
Топлината на зглобов врз твоето меше;

твојот пулс и мојот со време –
првата од твоите сили е да бидеш љубен.

Вселенско одело

Самрак на 121 степен
целзиусов
во нишанот
на градната камера со висока дефиниција,
пиксели на еден замислен Шефилд.

Изложени кон вселената
белите дробови би ти смрзнале,
ќе закачиш меурчиња.[1]

Орбитата е ко да си заспал на задно седиште
и си се пробудил на некој гребен
чувството како те лупа воздух
без никаков отпор
или облакодерски

лифт кој ита надолу
низ безсветленост.

Темнина толку густа
што може да ја собереш
ко боја за чевли;
Пацификот,
празен, црн, освен оние арачинди,

скелетни сјаеви
на љуни
нема крзнени точки,
не како да станеш од кревет
за да ги провериш

мртвите точки,
контурата на човеколик
облекува еден коњ
зад тебе.

Невидливиот Човек посегнува
кон резињата
не го слуша, не го гледа,
триењето на сопствените прсти.

Постои глетка
на светлината од секоја ѕвезда
брзината на светлината ќе ти дозволи да видиш;
антички, неверојатно остри,
повеќе фотографија отколку реалност,

не светкаат како авиони
во гасот.

Пред нашето пристигнување,
текстурата на површината на Месечината
беше целосно непозната

и вселенските одела
мораа да излегуваат накрај со микро-метеоритите,
полиња од прав од незнајни длабини;

тежината
на ранецот
при трчање

врз рамен терен или на издигнувања.
Ако се струполи,
дали носителот би бил способен да се стане
без помош?
Скоро пресмешната трагедија
која никогаш не беше емитувана жолтата
миларска фолија од Лунарниот Модул
како тоне
во езеро од Адски песок
Без спас,
нашата планета
нутира во темнината
со кимањето на согласно дете
во и вон блесокот
на ѕвезда 1,3 милиони пати поголема од Земјата.
Зад стаклото на шлемот
ние кои орбитираме.

 

 

 Извор: Струшки вечери на поезијата

Превод: Костовски Горјан



[1] Декомпресиона болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published.