Избор поезија од Лесја Мудрак

Пулсот се отвори
во глинени форми.
Се врежано во камен.

Се освен ние…

Ти тераш
Скршени бранови…

Затреперувам…
Изгорена сум..

– Здосадено ти е?!
– Не!
Горам.
Преполната вечер
Не свлекува.

Велиш:
– Размислувам…

Телото е моја своина…
Ја светнувам бронзата
На моите чувства со пердув.
Овде – сме свршени-
Прстите горат.

Ова е љубов
На сто гласови…
Завиваме, нема излез…

Дај се каков што си…
Со цела енергија.
… Не сум љубовница!
Не сум онаа што ја викаат по потреба…
Чекај!
Не оди!
Не оди!
Превисоко е…
Таму-превисокооо…
Превисокоооо еееее!!!

Застани!!! Очи-гледно
Низ черепот, ооо!
Еве, види-ти си,
Или не си:
Заборави,
Богот твој,
џекпот…

Гном завива в глава
… Гла-гла-гла-глава…

Солзи во очиве:

Изолда без Тристан
Живееше низ земји
Три,
а не…
Олжа?! Бодеж-
Во утробата
Твоја?! –
Раз-
Делување…
ВИП транс-
брачни завети-
се јавуваат…
Имаш ли љубовница?
И-застани!
Пак-на местото твое?!
твојот внатрешен Касмет
крева чаша да наздравиЧ
-За тебе, замене,
И за детето наше…

Што е Тибет за нас,
важно ли е-
се враќаме назад, и уште подлабоко…
Постоење,
пиј
Од она што месечината го зела, ааах! –
Ова е јазикот на овие телаЧ
Тивко, тивко одат во круг…
Број?…
Пресметување конечна сума?
Потоа-ЗАСТАНИ!!!
аха!
… не можеш дното да го видиш!

Ода (или О-драги) на срцето
(диптих)

I
Лов на телото.
Ама ти,
Тоа го сакаш?
Ловење и ловење ))))

Главата ми е пукнатина
Ти?
Сакаш?
Уште!

Вртоглаво нагоре и нагоре…
Напади од сите страни…
Не можам да дишам…
Поети-в ребра
Ребра на музика
Навраќање на перница
очи склопчени – Не-можам-да
спијам!
Сонот го поддржувам со соодветства
соодветен
под и ти како покривка
Под агол од деведесет степени…

Повик? Сите?!!!

Средби, во слабина
твојата потсвесна свесност
крвари во змиски јазли
в зглоб…
в зглоб…
Цу-на-ми…
Ме…

II

Рамнодушноста и очајот
да ти биле кардиоцентрични

аортата зафатила
точка во зајазленото срце.
срцето е скептично и асептично,
ај само… Прекини

Завиткај се во градската врева,
земи малку кокаин, пливај во рибник
А рибите мртви да се!
Водени печати како бестијар.
И
Рибино срце ко дримба…

… Ќе извадам еврејска матка –
И ќе ставам внатре два круга…
… Ноќта како бисктриса на агли…

Сама сум…

И –

ГОЛА…

Превод: Александра Спасеска

Leave a Reply

Your email address will not be published.