Кон МЕШ од Ричард Хукер

МЕШ е книга за тројца армиски доктори, за нивните дружења, случки и сплетки што ги прават како доктори во 4077-мата Мобилна армиска хируршка болница.

123.Mesh300МЕШ е книга за тројца армиски доктори, за нивните дружења, случки и сплетки што ги прават како доктори во 4077-мата Мобилна армиска хируршка болница. Романот се сосредоточува на главните ликови, а читателот постојано е на раб од емпатија со ликовите, па дури и да се идентификува, почнувајќи да се чувствува како да стануваат дел од него самиот. Книгата го носи читателот на некое друго место, место во коешто владее војната, смртта, авантурата, хуморот, студените ноќи и жешките лета, размислувањата и личниот темперамент. Тоа е роман за животот, човештвото, за справување со страдањата што се случуваат околу нас.

Книгата е напишана од Х. Ричард Хорнбергер, кој ја објавил со псевдонимот Ричард Хукер. Самиот кажува дека романот главно го засновал на своето лично искуство од Корејската војна додека бил распореден во една мобилна армиска хируршка болница. Неговиот син, пак, вели дека главниот лик во МЕШ, Хокај Пирс, во многу нешта наликува на неговиот татко, а дел од сцените во книгата се автобиографски. Сепак, нормално е читателот да се запраша колку се автобиографски, имајќи предвид дека „местенките“ што главните ликови во книгата, „луѓето од Мочуриштето“, ги прават во книгата можат да ги направат и во реалниот живот. Се разбира, како читател, потајно се надевате дека навистина ги направиле сите тие палавштини. Изгледа претерано да биде вистинито, но сè е можно. Тоа флертување со границата на реалноста ја прави целата книга интересна за читање.

МЕШ е роман што го читате во еден здив, а додека го читате, честопати ќе се насмеете до солзи. Но внимавајте, ако не сте подготвени, хуморот на моменти е мрачен и можеби ќе останете навредени.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Потеклото и развојот на идејата за чистилиштето
Корените на погледите за овој сегмент или фаза од задгробното патување на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *