Краткотрајните органски инсталации на Енди Голдсворти

Оваа ефемерна концептуална уметност станува се поатрактивна и поактуелна во современите текови на уметноста.

Оваа ефемерна концептуална уметност станува сѐ поатрактивна и поактуелна во современите текови на уметноста. Сѐ повеќе уметници, архитекти, дизајнери, односно луѓе што се занимаваат со проучување на подлабокиот пристап на изразување и експресија.

Најчесто таквите уметници своите дела ги поставуваат на отворено (Land art), со што не ѝ пркосат на хармонијата на природата, односно на местото каде што се создадени, едноставно го променуваат начинот и смислата, а со тоа се обидуваат да ја пренесат нивната порака.

е2

Најдобрите уметнички дела не се секогаш оние што траат најдолго. Посебно ако земеме да го анализираме случајот на Енди Голдсворти (Andy Goldsworthy), кој е еден од најпознатите земни, органски уметници во светот. Неговата работа е по природа оригинална, уникатна, автентична, прецизна, геометриски определена и кодирана. Некои од неговите дела можат да постојат, т.е. да траат само неколку минути или часови, додека други, пак, можат да траат и неколку децении или повеќе.

Голдсворти користи природни материјали што се наоѓаат во близина на местото каде што се поставени самите инсталации – чемпресово дрво од Монтереј или дрвја и гранки од еукалиптус. Сепак, може да заклучиме дека тој одлично се носи со градацијата, со формата, со симболиката и креира навистина незаборавни инсталации.

Прилично невозможно е да се предвиди со што следно овој британски уметник може да нѐ изненади!

Овој уметник по потекло од Шкотска создава интригантни, специфични земјини или органски просторни дела, уметност што користи природни ресурси во самата основа, во самата идеја, а доведува до целосно неочекувани резултати. Секако, треба да се потенцира и начинот на кој тој ги креира овие дела, секогаш посебен и со целосна идентификација на теренот или структурата на просторот. Конечните резултати се организирани, лисјата живописно зрачат, стапчињата создаваат илузија дека се во постојано движење, а насипите од тенки камења ја пренесуваат убавината на природната средина во која се поставени. Извонредни креативни уметнички дела.

е8

Уште во текот на школувањето, Голдсворти покажал дека не се грижи и нема интерес за работата во затворени простории. На крај тој се впушта во ангажирање на просторот надвор и доаѓа до еден нов вид на платното, да речеме, длабоко вкоренето во постојаното менување на светот околу него.

 „Природата за мене не е замо онаа што ја среќаваме во националните паркови. Таа е истовремено и во градот, во галеријата, во која било зграда или објект. Таа е насекаде каде што сме ние“, објаснува Голдсворти.

Секоја минлива манипулација со природата ја користи енергијата и животот што тече низ пејзажот. Низ времето материјалните предмети постепено изумираат, а со тоа уште еднаш стануваат дел од земјата, нивното матично потекло.

[nggallery id=31]

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Нова езотерија или причина за Ново постоење
Во првиот миг кога го „чувствуваш“ видеозаписот на „Стринг Форсис“, те води...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *