Песочниот мастер-план

Калифорнискиот дизајнер и уметник Чад Врајт (Chad Writh) неодамна создаде детски песочни замоци со кои алармираше за хипотекарниот колапс и за судбината на американскиот сон.

castle-5

Во првиот дел од серијата на овој проект Чад се обидува од пластична, однапред изготвена макета да создаде едно приградско живеалиште во кое сите куќи ќе ја имаат формата на буквата L. Потоа, истата серија ја поставува во форма на замоци од песок, на плажата недалеку од неговото место на живеење.

Веднаш откако беше однесена оваа приградска населба од страна на силните морски бранови, ангажираноста што Чад ни ја понуди овде нè натера да помислиме на тоа колку е сè всушност минливо, особено преку потенцирањето на моментот поврзан со американскиот сон, неговиот симбол, релативноста на сето тоа, пред сè поради хипотекарниот колапс што ја зафати Америка во 2007 година.

Со овој проект наречен „Мастер-план“, Чад Врајт се обидува да ги комбинира детските замоци од песок, кои овој пат се дизајнирани во форма на оние повоени архитектонски решенија, со што неминовно создава конфликт помеѓу постојното и минливото, пред сè поткрепено со посветено и долготрајно истражување на визијата, на правилата за живеење и на начинот на живеење во предградијата. Овие серии се артефакти од неговото детство, поврзани со серија тематски поврзани прашања што полемизираат за масовното производство на ваков тип граѓа, фокусирајќи се на потребата од преиспитување на американскиот сон.

dezeen_Master-Plan-by-Chad-Wright_1

Оваа инсталација нè поттикнува да размислиме за (ис)трајноста на нашите животи, за потребната безбедност, за моделот на живеење. Овие привремени песокливи минијатури ја градат инсталацијата, која прикажува типична населба во САД, со сите нејзини квартови, улици, геометриски прецизен начин на поставеност, идентичност, уредни линии. Урбано мапирање што е поставено на отворената плима, која по неколку часа посегнува и го уништува.

castle-1

castle-2

castle-3

castle-4

Leave a Reply

Your email address will not be published.