Хумус

Хумус (Humus) е проект на Џузепе Ликари (Giuseppe Licari) кој зборува за релацијата помеѓу човекот и земјата.

p2

Неговата идеја со поставување на корењата на плафонот во изложбениот простор ја прикажува денешната потреба за сонце и сончева енергија, која е еден од основните елементи кои се потребни за виталност на растенијата и целиот растителен и животински свет.

Ликари најчесто како основна тема во своите дела ја има природата и функцијата на човекот во истата. Драматични сцени, специјално осветлени делови од инсталацијата со кои уметникот од Сицилија, кој во моментот живее и работи во Ротердам се обидува да ги покани посетителите во галеријата да комуницираат, да бидат дел од изложбата, да се доближат и оддалечат од делото, да го допрат, помирисаат, да се обидат заеднички да креираат една колективна меморија што е една од основните и главни цели и идеи на неговиот проект.

p3

Ова е фантастичен начин преку сечени стебла завртени со нивните корења надолу да се конструира една вертикала која оди од нагоре кон надолу, да се постави една порака која зборува за односот кој го гради човештвото со природата, да се потенцира сè поголемиот недостаток на сончева светлина, да се нагласат промените кои секојдневно настануваат.

Интересни лустери кои се спој на модерното и органското, од една страна почвениот слој кој е од суштинско значење за растот на дрвјата и растенијата, а од друга страна софистицираната, современа галерија која во моментот се трансформира во подземен простор, во тунел или пештера во која надвиснале недефинирано, гранки од сите страни.

p4

Ликари сака да долови моменти од тоа како е да се биде под локалниот парк или под шумата, посетителот да ја има можноста да ѕирне под асфалтот, под земјата, да го види скриениот свет што им е познат само на инсектите и животните кои живеат под почвата. Овој проект е ехо на движењето arte povera, едноставно, симплифицирано, исчистено, на момент можеби и празно, но сепак силно, цврсто, дело чија порака би требало да била одговор на модерната индустрија, технологија, култура и политика.

p1

p7

Leave a Reply

Your email address will not be published.