Македонија – земја на поезијата

Јас воопшто и не помислував дека некогаш ќе патувам во Македонија. Мојата пријателка Славица, чие име го сменив во Славка за да звучи пословачки, ми спомена дека би сакала да ја преведе мојата поезија на својот мајчин јазик. Таа исто така ме покани во својата земја, велејќи дека е „поетично“ прекрасна. А бидејќи сум јас поет итн., рече таа, би можел дури да бидам поканет и на поетски фестивал. За мене ова беше само благороден гест и љубезност.

tuss2

Зборовите прават нештата да се случат; тие дури можат и да го променат светот. Моите зборови (добро преведени) допреа до нечие уво и јас навистина бев поканет на поетски фестивал во Македонија. На 9 август заминав од Словачка. За време на првата недела од мојот престој, Славица и јас лунѕавме околу величественото Преспанско Езеро и нејзиниот роден град Ресен, познат по јаболковите овоштарници. Напишав неколку песни. Практично занемен поради тоа што не го зборував јазикот, се одморав, се смешкав и ги јадев најдобрите јадења од македонската кујна. Додека да почнам да погодувам за што зборуваат луѓето, на 16 и на 17 август, Славица и јас отидовме на Поетската ноќ во Велестово. Во 25-годишното постоење јас бев првиот поет-учесник од Словачка.

Во земјата веднаш се почувствував како дома. Луѓето беа многу љубезни, дарежливи и отворени. Брзо започнуtuss1ваа разговор, иако јас не бев подготвен за тоа. Земјата во која живеат е фасцинантна. На секој чекор меѓусебно се сретнуваат богатствата на природата и големите приказни од древното минато. Македонија е земјата на Александар Велики, на византиското минато и земјата на пребегнатите ученици на св. Кирил и Методиј. Се разбира, има уште многу други нешта. Сепак, тука е исто така и балканската изветвеност, која, таква каква што е – стереотипна, може да им се види позната на странците. Патиштата се во многу лоша состојба, а автобусите, најчесто стари, пристигнуваат на станици што наликуваат на преполни пазари. За разлика од главниот град, Скопје, повеќето градови се чинат доста малина прв поглед. Тие лежат распослани по ридестите предели божем одмораат по напорниот работен ден. На улиците среќавате реки насмеани луѓе што изгледаат како да немаат грижи во животот. За странците ова е сликата за Југославија, иако деновиве можеш да ја објавиш на „Инстаграм“.

Македонија, сепак, го има надраснато своето југословенско минато. Веќе не е Поранешна Југословенска Република. Ако не опкружувањето, тогаш луѓето се целосно поинакви. Тие се активни, расположени, желни за импровизација и, над сѐ, живеат како што живееме и ние. Република Македонија е земја-кандидат за Европската Унија и, за среќа, веќе има примено некои фондови од Унијата. Сепак, овие средства не може да сеспоредат со структурните фондови. Според мене, земјата наликува на Словачка пред нејзиното приклучување кон ЕУ. Сепак, националниот менталитет е целосно различен. Луѓето се смеат повеќе. Се разбира, тие сфаќаат дека, поради бојкотот на Грција, нивната земја може никогаш нема да влезе во Унијата, но не се откажуваат. Македонците се смеат повеќе. Очигледно, добриот живот нема никаква врска со ЕУ.

Македонија е земја на стари и млади поети. За време на мојот десетдневен престој – не само на фестивалот – сретнав само неколку луѓе што имаат некаква врска со поезијата. Тие пишуваат, читаат или објавуваат поезија; тие се запознаени со современата светска литература; тие ги читаат познатите книжевни списанија. Згора на тоа, изгледа како целата земја да ги слави своите поети. Селото Велестово, каде што се одржа фестивалот, се наоѓа над Охрид. Освен импресивниот поглед на Охридското Езеро и на околните планини, таму имаше стар пат, стадо македонски камени куќи и стадо овци. Требаше да ја читаме поезијата сретсело, покрај една живописна чешма. И секако дека не беше како во Словачка – како што би очекувал во таква пригода – речиси никој да не дојде. Всушност, многу селани дојдоа. Дојдоа дури и луѓе од градот, вклучувајќи и некои постари поети, особено добропознатиот Матеја Матевски.

tuss

Би било наивно да се прецени метафората „земја на поезијата“. Природно, не сите Македонци читаат и сакаат поезија. Но, чувствувам дека луѓето длабоко ги почитуваат поетите и нивното поетско распетие. Претпоставувам дека за Македонците поезијата не е само римувано ојле-дојле,кое, најпосле, секој умее да го прави. Можете да претпоставите дека почитта доаѓа од фактот дека поетите и уметниците ја играат главната улога во македонското просветителство. Но, и во Словачка ситуацијата е иста, како што моравме да бубаме во средно. Во Словачка премногу луѓе мислат дека зенитот на нашата поезија бил во периодот помеѓу двете светски војни и не се грижат за тоа што дошло потоа. Во Велестово современите млади поети дојдоа заедно и беа почитувани. Можеби почитта доаѓа со големината: без оглед на нејзините природни убавини и голема историја, најголемото богатство на малечката Македонија лежи во нејзините луѓе. Можеби Македонците ја негуваат поезијата поради нивната отвореност и ентузијазам. Во принцип, модалитетот на балканската поезија е оној на песната, од длабочините на срцето. Дефинитивно не е – споредено со моите сопствени дела – осамена зимска градина.

Македонија е земја на поети и на поезија. Добрата поезија не е едноставна, директна, таа не е без амбивалентност. Македонија е прекрасна земја каде што сѐ уште може да ја препознаете балканската социјалистичка туристичка дестинација од седумдесеттите. Но, ќе ги почувствувате ритамот на модерното време и сите негови проблеми. Големата историја, која, во овој регион, често ја прави сегашноста потешка, а величествените предели се само заднина за луѓето. Овие луѓе се смешкаат без оглед на сѐ. Тие насмевки ми оставија најголем впечаток.

Превод од англиски: Ѓоко Здравески

Leave a Reply

Your email address will not be published.