Под блоковите – бои, виножито од бои!

Оваа инсталација во моментов е изложена во Центарот за скулптури Нашер (Nasher) во центарот на Далас.

Овој интересен проект на Катарина Грос (Katharina Grosse) наречен „Под блокот“ (Underblock) зборува за еден интересен и уникатен деконструктивистички, колоритен пристап кој е препознатлив во нејзината работа.

a1

Катарина Грос (Katharina Grosse) е уметник кој во моментот живее и работи во Берлин, а оваа изложбата е всушнст обединување на внатрешниот простор на галеријата, односно ентериерот со најразлични градежни објекти кои хаотично и апстрактно се покриени со живописни бои, а самата целина претставува градење на најразлични шарени приказни кои го анимираат оној што опсервира. Таа користи спреј бои, со што ги надминува ограничувањата кои би можеле да кажеме дека традиционалните бои и платно ги поставува како дефиниција, со користењето на овој пристап едноставно постигнува посилни и поекспресивни детаљи на поголема површина.

Оваа инсталација во моментов е изложена во Центарот за скулптури Нашер (Nasher) во центарот на Далас, а она што е повеќето од видливо е тоа што овој огромен галериски простор е покриен со огромни могили на нечистотијата кои со спреј се насликани налик виножито во сите бои. Посетителите ја имаат можноста да бидат дел од оваа просторна инсталација со тоа што можат да влезат и да го испитуваат теренот и да ги разгледат од блиску најразличните исфарбани објекти и релјефи.

a2

Освен овој хаотичен простор, едноставно наречен „под блокот“, можеме да нагласиме дека во горниот дел на галеријата е поставен екран накој оди видео на кое се презентираат најразлични скулптури направени од стиропор кои оваа уметница на лице место ги создава пред очите на публиката во градината на галеријата.

Како дел од изложбата се и две мегаломански форми направени од пластифицирани и армирани стаклени влакна, со што сака да нагласи дека архитектурата е всушност забрзана промена на природната почва.

Катарина Грос (Katharina Grosse) е позната по употребата на живописната палета од бои во нејзините објекти, форми и дела. Таа секогаш се обидува да направи спој на неколку уметнички дисциплини како во овој случај сликарството, инсталацијата, архитектурата и скулптурата. Таа најчесто директно интервенира на подовите, ѕидовите, стаклата, речиси целосно го анимира колоритно просторот во кој се претставува. Си поигрува со логиката и самиот пристап и перцепција на просторот, а во некои од нејзините проекти досега вклучува најразлични форми и објекти како: кревети, облека, балони, обликувани платна, и почва. Таа си игра со досегашната хиерархија и подредување на сликата, поставува нови форми во сликарството, прави одлично поклопување на подовите, ѕидовите, таваните.. несмасно ги подредува елементите со што постигнува ефект на изненаденост и во принцип прави промена на навиките на восприемање на уметноста општо.

a3

a4

Напишано од
More from РЕПЕР
Патот
Избор од десетина кратки песни кои не се хаику, но кои истовремено...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *