Инкубација на песната

Ја носам песната во себе како вирус, Тајна е и не навестува болка.

d1

Инкубација на песната

Ја носам песната во себе како вирус,
Тајна е и не навестува болка.
Расте во мене, се развива,
а потоа доаѓа денот на нејзиното раѓање.
Симптомите се навестуваат низ температура,
треперам пред нејзиното излегување,
низ грозница ги повраќам сите нејзини делови,
потоа кашлам,
гласно кашлам.
Ми се корне внатрешноста,
ми свират градите и
излезе песната –
ме напушти вирусот
што му го предавам на ближниот.
Инкубацијата повторно започнува,
но сега надвор од мене.

Јин-јанг

пост По

Со матна мисла без никаква смисла,
во звучната соба во ниедна доба, а без
нималку злоба,

низ замастен двоглед
врз хартија фрлив растревожен поглед,
видов сенка си игра со буквите зрачни
и во неколку мигови солзливи, плачни,
се решив без средба со другото Јас
да појдам кон светлиот јаз.

Да најдам
таму Денови нови
и светлина како мракот го лови
и сонце како во месецот броди,
сè се тоа некои нови води.

Автопоетско минато што (малку) значи

Го барам стихот што вреди
да го напишам повторно,
меѓу кориците трагам по личните стапки
што ја извалкаа белината на листот,
го созерцувам мирисот што се впил во атомите од целулоза и…
…не го пронаоѓам…
Се убедувам себеси дека (не) вреди моето книжевно сведочење,
а мојата сегашност?
И таа има мала цена.

Тагови од објавата
, , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Црно-бела реалност
Darkkind е млад фотограф од Скопје. Студирал на Факултетот за аудиовизуелни уметности...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *