На Балканот Хитлер ќе се врати првин во Македонија

Во Хрватска е најавен дури во февруари 2014 година. Во Британија – март 2014 година. Во Србија – август 2014 година. Во Македонија – на 15 септември 2013 година .

Во Хрватска е најавен дури во февруари 2014 година.

Во Британија – март 2014 година.

Во Србија – август 2014 година.

Во Македонија – на 15 септември 2013 година .

Дотогаш книгата може да се порача со попуст само на следниот линк

хит

Адолф Хитлер има намера да се врати со истата стара цел. Да го освои светот. Веќе се појави во Германија и ги крена Германците на нозе. Потоа го продолжи „блицкригот“ во неколку соседни земји, како што е Италија, со изненадувачки реакции. И веднаш потоа реши да ја посети и Македонија. Прва на Балканот и четврта во светот.

Дали ваквата најава звучи чудно и барем малку контроверзно? Повеќе од сигурно. Личноста што и денес поттикнува лавини реакции со просто споменување е претставена како лик во бестселерот на Тимур Вермеш, писател со германско и со унгарско потекло, роден во 1967 година. Иако кариерата ја почнал како новинар по разни таблоиди, од 2007 година објавува книги како ghostwriter. Романот за Хитлер со наслов Види кој се врати е неговиот прв авторски роман.

Vidi-koj-se-vrati_malku-namalena-kosa_CMYK_fin_predna

Прво и машко

Книгата во моментов се преведува на 35 јазици и само во Германија е продадена во над половина милион копии. Освен тоа, наскоро се очекува да се сними и филм. Колку и да звучи чудно, Хитлер се враќа на голема врата.

И, како ретко кога досега, Македонија е во чекор со книжевните трендови. На 15 септември и домашната публика ќе може да ја чита книгата на македонски јазик пред другите Балканци и пред поголемиот дел од Земијната топка. Нашето издание е четврто во светот и прво на Балканот. Англиското, српското, хрватското, бугарското – сите тие ќе се појават дури во 2014 година. Досега Види кој се врати е објавен во Италија, во Данска и во Норвешка, а по појавувањето во Македонија, се очекува и преводот на португалски, шпански, каталонски, унгарски и на чешки. Во сите држави Види кој се врати е меѓу десетте најпродавани книги на топ-листите.

Освен наведените, во процес се и преводите на: арапски, бугарски, кинески, холандски, естонски, француски, грчки, исландски, јапонски, корејски, латвиски, полски, романски, литвански, руски, словачки, шведски, словенечки, турски, виетнамски, тајландски.

Хитлер се буди

Лето 2011-то. Адолф Хитлер се буди среде Берлин. Нема војна, ни партија, ja нема дури ни Ева. Само тој, опкружен со илјадници странци и со Ангела Меркел. Речиси седум децении по заминувањето од светот на најголемиот командант на сите времиња, сега тој е заглавен во сегашноста. Хитлер одново ја почнува кариерата и, наспроти сите очекувања, се појавува – на телевизија.

Хитлер во романот не е комична фигура и токму затоа и вистински заплашува. А земјата по која чекори е цинична, бескрупулозна, гладна по резултати, дури и по децении демократија, совршено беспомошна против рејтинзи, кликови, лајкови и против слични тракатанци.

Каква каша би можел да спржи Хитлер денес? Оваа лута сатира е обид да го разбуди најголемиот диктатор и убиец во денешниот, современ свет. Уште од првите страници станува толку болно, затоа што е протагонист всушност Хитлер. Не е таму некоја телевизиска карикатура, односно холивудска фаца, туку човек што самоволно ја анализира својата околина и што јасно и остро ги препознава слабостите кај луѓето. Целосно ја следи својата бизарна логика, упорно, но нималку глупаво. Напротив, Хитлер расудува многу нормално или барем многу понормално и од самите нас денес.

Смееме ли да се смееме?

Ова е книга за патот на Адолф Хитлер од една чистинка во центарот на Берлин, преку еден киоск, преку хемиско чистење, сè дур да стигне на вистинското место, на телевизија. Ова е книга што по малку пакосно и перфидно ве држи без здив додека уживате читајќи ја. Затоа што, како читател, честопати ќе се фаќате себеси дека не му се смеете на Хитлер, туку дека се смеете во друштво со Хитлер. Смеење во друштво со Хитлер – можно ли е тоа? Смееме ли воопшто да го правиме тоа? Откријте сами.

Македонскиот Хитлер има и своја страница на „Фејзбук

Книгата до 15 септември може да се порача со попуст само на следниот линк

Тагови од објавата
, , , ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Маркетинг кампањата што го окупира интернет просторот
Потребно е да се пронајдат начини како одредени зборови да се „помакедончат“.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *