Соба од виножито

Интересно, нели? Ова е (одличната) инсталација на Пјер ле Рич (Pierre Le Riche) – Broederbond.

Интересно, нели? Ова е (одличната) инсталација на Пјер ле Рич (Pierre Le Riche) – Broederbond. Тој е слободен уметник и дизајнер, дипломирал уметност на универзитетот во Јужна Африка, Кејп Таун. Ова е неговата прва официјална изложба по дипломирањето, а за инсталацијава има искористено повеќе од 15 км предиво.

Broederbond1

Неверојатни се пристапот и трпението што ги имал Пјер додека ја конструирал оваа инсталација. Сите елементи се поединечно плетени, па најверојатно за тоа му требало доста долго време. Топките за рагби, кои ја градат таванската платформа, се всушност објекти што често ги користи. Ова е инсталација што дефинитивно треба да се погледне во живо за да се донесат вистинските заклучоци, но играта со боите, колоритноста што ја носи овој простор, носи посебна анимирачка функција, која му прави на окото да ужива.

Како инспирација за ова дело го користи знамето со виножито, кое всушност повеќе од 35 години претставува знаме на ЛГБТ комуната. Со ова дело и со сите, да речеме, цврсти елементи и објекти, делови од мебел со силни и цврсти, остри линии, тој се обидува да ја разбие теоријата на машкоста, односно истражува со обид да ги разбере подобро социјални прашања што ги опкружуваат луѓето со хомосексуална ориентација, секако и пошироко за стереотипите во неговиот роден град и во рамките на африканските култури.

Broederbond7

Преку оваа инсталација, уметникот ги истражува „идеалите и вредностите на машкоста во општеството, [и] исто така изворите на машкоста во различните култури“. Broederbond е мал простор, кој е поставен така што може да ја имитира традиционалната африканска дневна соба за време на Светското првенство во рагби во 1995 година, кое е всушност конечниот значаен момент во историјата на Јужна Африка. Всушност, како што и самиот автор во својата теза дефинира, Кејп Таун е едно од првите места во Африка каде што почнала да се чувствува слободата околу ова прашање.

Пјер ле Рич, потпрен на општествените стереотипи, создал хомосексуална, виножито-просторија, соба исполнета со објекти што исклучиво асоцираат на гледање натпревар по рагби, масите се елиминирани. Собата е оградена со плетена завеса од виножито, исто како и сите други површини во просторот. Може да се видат црвен, портокалов, жолт, зелен, син и виолетов акрилен конец, а со ова дело неговата идеја да предизвика дискусии за хомосексуалноста и да ги промовира најразличните врски и односи меѓу културите му успеа.

Broederbond2

Broederbond3

Broederbond4

Broederbond5

Broederbond6

Напишано од
More from РЕПЕР
Мигот
Тие светли часови на подем и вистинска среќа му даваат смисла на...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *