Кон романот „Ритуали“ на Сеис Нотебом

„Што точно е сега тоа кое дојде толку мистериозно, ако ти сè уште зборуваш за пехарите?“

Сеис Нотебом е голем европски писател. Голем е, бидејќи разбирливо ја манифестира приказната и, исто така, бидејќи крои нови измислени форми кои можат да се евидентираат.

r4

Според мене, романот е всушност агностичка форма. Во романот се раскажуваат приказни кои се поврзани со приказните од светот во кој живееме – вистинските, историските приказни, потоа религиозните приказни кои се прифатени здраво за готово, прераскажуваните бајки и митови, вклучувајќи ги и озборувањата и коментарите на новинарите. Романот формира еден целосен свет сам по себе, што на некој начин тој свет веднаш станува разбирлив.

[pullquote align=”left”]Ритуали е таков свет сам по себе и еден од најцелосните и најзагадочните коишто јас ги познавам.[/pullquote]

Ритуали е таков свет сам по себе и еден од најцелосните и најзагадочните коишто јас ги познавам. Секогаш кога ја читам книгата таа станува поочигледна, попрецизна, инаква отколку во претходното читање. Се случува во 1980 година и се состои од три дела, распоредени во 1963, 1953 и 1973 година. Нотебом накратко ги истакнува незаборавните слики на Амстердам и светот во тоа посебно време – на почетокот од смртта на океаните во безгрижните шеесетти години, автоматски налутените лица во седумдесеттите години, атентатот на Кенеди, берзата. Извештаите за наголемената сексуална слобода во светот каде што луѓето себеси сè почесто се дефинирале преку сексуалноста. Неговите ликови се обидуваат да направат сопствени модели за себе и за нивниот свет.

Неговиот наратор, Ини (скратеница од Инихо) Винтроп, во суштина е агностик и се смета себеси за човек без контури. Тој е „длабочина“, отсутен, некој кој не постои. Тој сака гатанки и се сомнева во луѓето кои „сакаат прецизни одговори или се преправаат дека ги знаат“. Нотебом за младиот Ини во 1953, го вели следното:

[pullquote align=”right”]„Дека тој сè уште не ги познава мистериозните тајни кои и покрај тоа можат да постојат со прецизност и метод за размислување.“[/pullquote]

„Дека тој сè уште не ги познава мистериозните тајни кои и покрај тоа можат да постојат со прецизност и метод за размислување.“ Оваа реченица опишува како Нотебом самиот работи, како со прецизност самиот тој размислува за тајните.

„Бесконтурниот“ Ини, човекот со палиндромско име кое се осврнува наназад и гледа нанапред, во 1953 година го среќава Арнолд Тадс и неговиот отфрлен син Филип Тадс во 1973. Тие двајцата на еден или на друг начин се мачат со завршницата, да бидат телесни битија. Обајцата си го одземаат животот. За прв пат се запознаваме со Ини во 1963 година, во времето кога неговото самоубиство е неуспешно и кога тој останува жив. Арнолд Тадс е христијанин кој ја бара чистата осаменост во планините. Филип, пак, практикува една особена форма на зен и живее повлечен и аскетски живот.

r2Романот е метафора за еден одреден свет кој самиот по себе содржи метафори. Покрај тоа што е раскажувач на приказни, Нотебом е и поет, а неговите метафори се еден облик на внимателно размислување за тајните. Една моќна метафора која ѝ дава кохерентност на книгата е сликата на еден сад, пехар или сакрален барелјеф, користен од христијанските заедници и од Јапонците во ритуалот на чајната церемонија. На крајот од романот, Ини покажува како продолжуваат неговите мисли.

„Што точно е сега тоа кое дојде толку мистериозно, ако ти сè уште зборуваш за пехарите? Интровертни черепи кои не покриваа ништо повеќе, кои не беа повеќе насочени кон земјата, туку кон небото, нешта со кои нешто може да се направи, но само нешто што доаѓа одозгора, од горниот свет на сонцата, месечините, боговите и на ѕвездите. Нешто што истовремено може да биде празно и полно со таинственост во себе, но тоа, исто толку, важи и за една пластична чаша.“

Сликата на черепот е во согласност со изумреното, минливо тело и со религиозните мистерии на кои и обајцата Тадсови им се восхитуваат. Во приказната за Арнолд Тадс, читаме како Ини се одалечува од неговата вера кога отецот, чиј ѓакон бил тој, паѓа мртов над пехарот и вистинската крв од починатиот се меша со симболичкото крваво вино (црвено вино збогатено со калциум и железо) од пехарот. И вистинската крв го уништува симболот. Ини размислува за свештеникот „кој претходно пред таа малечка клупа за исповед се вртел напред-назад како на патека извезена во злато“. Арнолд Тадс, калвинист, кој му е дојден во посета на еден епископ, му вели дека „нешто што се базира врз основа на страдање и смрт, никогаш не може да значи нешто добро“. „Вашата религија сè уште се навлажнува на оние садомазохистички сеанси кои веројатно некогаш навистина се случувале.“ Приказната на Арнолд Тадс содржи виртуозен опис со изобилство на мртво месо, сервирано на послужавник. Тадс е ловец. И сите овие нешта формираат една слика.

ритуалиПрвата чаша или пехар во приказната на Филип Тадс е црн раку-сад, чија црна боја, според Ини, се однесува на смртта. Филип му вели на Ини дека сето тоа е мистично безумие, исто како и христијанството. Тој го цитира Мајсторот Екхарт – Господ е исто толку негов, колку и што не е негов. „Гледаш“, рече тој, „дека ништо не е далеку. Тоа будистите го нарекуваат длабочина.“ И ние се враќаме назад кон идејата на Ини за себе како „длабочина“. Ини ја напушта куќата на Филип и „анархистичката слобода на амстердамскиот ден“ паѓа врз него.

Во амстредамскиот живот на Ини се формираат слики, независни од структурата на традиционалното значење. Тој гледа три гулаби. Еден од нив полетува нагоре над Ини и се судира со автомобил. Гулабот е погребан со „краток ритуал“ во паркот од страна на Ини и една девојка која случајно се наоѓа на самото место. Вториот гулаб седи на метална потпора под мост над каналот и флегматично се пушта низ механизмот на кревање и спуштање надолу. Третиот гулаб лета директно во излог и така зад себе остава уметничко дело, совршена форма на гулаб во птичји лет. Птиците се всушност бесмислени, но Ини и читателите не можат да не видат некакво значење во нив. Тие ја претставуваат смртта, животот и стаклено дефинираната слика. Ини води љубов со девојката на која не ѝ го знае името и тој никогаш повторно не ја гледа. Сексот во овој роман е амбивалентна виталност на животот. Тоа е секс во времето кога ритуалите на личните односи стануваат полабави и изгледа како сè да е дозволено, колку и да е тоа понекогаш разочарувачки.

[pullquote align=”left”]„Ја има бојата на мртви лисја, од сите собрани мртви лисја, со сјај на зашеќерен ѓумбир, слатко и горко, тврдо и меко, со луксузен бренд на тонењето“.[/pullquote]

Ова воопшто не е едноставен роман. Јас чувствувам потреба да ја коментирам секоја реченица, да укажам на односите помеѓу сите реченици – но тоа ќе биде сосема несоодветно. Ритуали е и духовит роман – навистина смешен, полн со разиграни моменти и апсурдни случки – и грозоморен роман за човековата состојба и неизбежноста на смртта. И, како и сите добри романи, тој експлодира од прекрасни суптилности. На крајот од книгата постои уште еден мистериозен сад; Ини гледа пред себе во есенската улица. Таа „ја има бојата на мртви лисја, од сите собрани мртви лисја, со сјај на зашеќерен ѓумбир, слатко и горко, тврдо и меко, со луксузен бренд на тонењето“. Ми се допаѓа прецизноста на ѓумбирот. Ми се допаѓа начинот на кој Нотебом може толку остро да ги гледа нештата.

Напишано од
More from РЕПЕР
Измислување сказни
Човек треба да е многу внимателен кога измислува сказни. Децата ги знаат...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *