Деструкција на старото од страна на новото… или не?

Мајстор Андреа е лимар и казанџија, тој е мајстор на занаетот, како што ќе речат другите занаетчии за оној човек што си ја знае работата.

Занаетчиството е занимање што бара конкретни работни вештини. Од историска гледна точка, станува збор за неиндустриско производство во мал број или во мало количество.
ok1

Домаќинствата на занаетчиите не биле толку самоиздржувачки колку домаќинствата на оние што се занимавале со земјоделство и, како такви, директно зависеле од трговската размена. Занаетчиите особено се концентрирале во урбаните места и формирале еснафи. Бидејќи занаетчиите постојано работеле со размена на добра (покрај со нивната изработка) и бидејќи тоа барало извесно ниво на образованост, во општествената хиерархија тие имале повисоко место од селанството.

[pullquote align=”right”]Мајстор Андреа е лимар и казанџија, тој е мајстор на занаетот, како што ќе речат другите занаетчии за оној човек што си ја знае работата.[/pullquote]

Занаетчиството било главниот облик на производство пред индустриската револуција. Исклучок од ова е помасовната организирана поделба на трудот наречена мануфактурно производство, која може да се претстави како преод од поединечниот занаетчија кон индустрискиот период. Па, дел од таа револуција може да се „обвини“ за изумирањето на старите занаети кај нас.

Во Старата скопска чаршија го посетивме мајстор Андреа и побаравме од него да ни објасни некои работи за она што го изработува. Мајстор Андреа е лимар и казанџија, тој е мајстор на занаетот, како што ќе речат другите занаетчии за оној човек што си ја знае работата.

Мајстор Андреа имаok2 дуќан што лежи на калдрмата во Старата скопска чаршија доста години. Тој, како лимар, ни раскажуваше за процесот на изработка и истовремено ни ги покажуваше предметите за кои зборуваше. На овој мајстор, пред да стане она што е денес , му требале многу години издржливост, работа и голема посветеност. Сепак, сето тоа е полесно кога љубовта и амбицијата како црвен конец поминуваат низ ткаенината, низ цела таа битка. Тој ни раскажуваше дека најпрвин посетувал занаетчиско училиште, кое денес не постои, па дури подоцна станал чирак. „Понекогаш ми се случуваше од училиштето да отидам право кај мајсторот. Никогаш не стигнував дома за ручек, но бев присутен за вечера, а тогаш пак бев премногу уморен и заспивав“, коментираше мајстор Андреа.

[pullquote align=”right”]Никогаш не стигнував дома за ручек, но бев присутен за вечера, а тогаш пак бев премногу уморен и заспивав“, коментираше мајстор Андреа.[/pullquote]

Уште како ученик, тој посетува и дополнителни часови кај својот мајстор за побргу да го научи занаетот. Откако го завршува училиштето, станува негов чирак. Применувањето на теоријата за занаетот, која ја изучува во училиштето, во дуќанчето на мајсторот трае околу три години. „Бев чирак во дуќанот на мојот мајстор три години. Многу научив. Тогаш сфатив дека теоријата без практиката, кога станува збор за еден занает, е бесцелна. Додека бев таму чирак, работев бесплатно, но тоа не ми претставуваше никаков проблем. Бидејќи знаев дека, ако сакам еден ден да бидам мајстор на занаетот, морам да бидам најпрвин чирак, без оглед на тоа дали сум платен или не“. Оваа негова издржливост се должи на преголемата љубов кон занаетот. Во неговото време, како што ќе рече самиот мајстор, морало да се има идеја и совест за иднината, која пребргу го посетувала младиот човек. Прашањата околу опстанокот, околу егзистенцијата на семејството, го преоптоварувале некогашниот човек. Затоа, овој мајстор, уште како дете, ги имал во себе идејата и одговорот на тоа прашање. Сакал да стане занаетчија, и тоа лимар, па поради тоа посетувал занаетчиско училиште. Подоцна станал неплатен чирак за на крајот да ја исполни својата цел и да стане мајстор на лимарскиот занает.

[pullquote align=”left”]Овој мајстор обработува предмети за домаќинството, главно направени од лим. Тој го купува лимот, но како што вели и самиот тој : „Лимот може лесно да се најде и не е скап“.[/pullquote]

Овој мајстор обработува предмети за домаќинството, главно направени од лим. Тој го купува лимот, но како што вели и самиот тој : „Лимот може лесно да се најде и не е скап“. Лимарството како занает подразбира доста умешност и сила, бидејќи работата претежно се одвива рачно, и тоа дури и тогаш кога мајсторот се служи со машина. Тоа се објаснува вака: речиси сите машини што се употребуваат при изработката на еден предмет зависат од човековата рака и сила. На некои постојано треба да се вртат тркалото или инструментите како чеканот, ножот и сл.

ok3Мајстор Андреа ни раскажуваше дека за изработката на еден шпорет, на пример, се потребни околу три дена. Најпрвин треба да се набави лим, а кога тоа ќе се направи, лимот се обработува, па започнува процесот на сечење, на обликување. Тој процес на обликување на лимот главно се одвива рачно или со минимална помош од машина. Потоа, со помош на лемење, се составуваат деловите за да се добие една кохеренција. „Кога изработувате некој предмет, мора да сте сконцентрирани, бидејќи нема простор за грешки“, продолжуваше мајстор Андреа.

Лимарскиот занает е еден од постарите занаети. Како и другите, и тој е во служба на човекот, во овој случај главно на домаќинството. Се изработуваат разни видови предмети: од шпорети, преку лонци, до олуци и сл. Денес е во изумирање, не само поради индустријализацијата туку и поради незаинтересираноста на младите за занаетчиството.

Овој мајстор го префрла својот занает на својот син, како семејно богатство, но се плаши за неговиот опстанок. Во пазувите на Старата скопска чаршија има останато само уште неколку мајстори-лимари. Сепак, дали срцето на лимарството ќе продолжи да чука по последната испуштена воздишка на мајсторите – тоа е сосем непознато.

Напишано од
More from РЕПЕР
Без соништа животот е здодевен
Оваа недела на краткиот прашалник ни одговара Огнен Неделковски, дипломиран драматург и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *