Мафиши

Рецепт за подготовка на мафиши, еден стар и подзаборавен благ колач.

4514374636_f264820ca1

Потребни состојки:

250 грама брашно;
3 жолчки;
1 лажица шеќер;
1 лажица кисела павлака;
кора од лимон;
1 лажица рум;
масло за јадење;
шеќер во прав.

Подготовка:

Во брашното се додаваат жолчките, шеќерот, слатката павлака, ренданата кора од лимон и румот. Се меси долго, сè додека да се добие тврдо, но еластично тесто. Формираното тесто се остава на ладно 15-20 минути. Потоа се сука кора, се засекуваат правоаголни форми, тие исто така се засекуваат во средината по должина и едниот дел се развлекува. Добиените мафиши се пржат во загреано масло додека да добијат убава црвеникава боја. Се цедат на повеќеслојна хартија, се редат во чинија и се посипуваат со шеќер во прав.

Напишано од
More from РЕПЕР
Десет романи што станале филмови (дел I)
Ова се петте најинтересни филмски остварувања што се направени според врвни романи.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *