Скакулче игра плочка

Пред неколку дена поетесата Искра Донева промовираше три книги со хаику поезија. Ви претставуваме избор од нејзината книга насловена „Скакулче игра плочка“.

feng-shui-colors1

Со хаику збирката „Скакулче игра плочка“, трета во нејзината хаику актива, Искра Донева се вредува во малиот број успешни македонски хаику автори чија посветеност на хаику творештвото се ефектуира во неколку објавени хаику книги.

Петко Дабески

Отворам врата.
Гледам и комарец
чека да влезе.

Пеперугата
се умилкува на шнола
со иста форма.

Јато фламингоси –
посакав да грицнам
шеќерна волна!

Минам крај патот.
Љубичици со мирис
ме отпоздравуваат.

Во перење се
ишарала кошула –
апстракција.

Траги од мачка
на хаубата… Вкрстени
патишта.

Бршлен се јази
oколу дуња – чиниш
гали љубена.

Сончев зрак по
жичарница се спушта –
пајакова нишка.

Жолтото лисје
дома ми се засолнува.
На прагот зима.

feng-shui-colors2

Стихови рој во
ноќ без интерпункција.
Снема и ѕвезди.

Жолти жили во
половинка калинка –
ѕвезден лавиринт.

Семе засадив
од божиќната тиква –
никна крушка.

Во вешти раце
оригами пеперуга
оживува за час.

Избеган фазан
од зоолошка градина
двор ни краси.

Магично утро.
Врз љубовна порака
гранче јоргован.

Чекорам покрај
црвените божури.
Кралска прошетка.

Стар штрк стои сам.
И нему некој многу
му недостига.

Клукајдрвчето
длаби во хармонија
со мојот чекор.

 

Искра Донева (1983) е авторка на следниве книги: Говорот на срцето (2000), Кој ќе ги згрее птиците (2006), Небеска раскрсница (2009), Скакулче игра плочка (2013), Татко (2013), Лазарополски хаикуа (2013).

Напишано од
More from РЕПЕР
Напрајв романтична вечера за двајца. Да не морам да готвам и утре.
Избор од дваесетина брилијантни, хумористични статуси од Фејсбук профилот на М-р Моџо...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *