Брзи домашни соленки

karas

Се мезат со секакви макала, а можете и така да ги грицкате… За опуштање со пиво се одлична комбинација како замена за нездравите и мрсни грицки.

Состојки

1/2 кг брашно (какво сакате)

200 мл бело вино

1 кесичка пециво

1/2 лажиче крупна морска сол

1 јајце

сусам

мак

2 лажици маслиново масло

karas-1

Подготовка

1. Се замесува тестото (со брашно, вино, масло, пециво и сол)… тестото треба да е меко.

2. Се расукува кора со дебелина до 1 см и потоа се премачкува со заматеното јајце од горната страна.

3. Се попрскува и со мак.

4. Расуканото тесто се врти од другата страна, повторно се мачка со јајце и се попрскува со сусам.

5. Се сечат ленти по саканата должина и се увиткуваат.

6. Се печат во тепсија наросена со малку брашно… на 200 степени, околу 20-25 минути.

karas-3

Преземено од karas4training.com/mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.