Во земјата на штурците на мравките не им е до песна

Од ризницата на македонскиот афоризам претставуваме еден подзаборавен автор со пророчки хумор.

puczel_64

Кај нас по мирисот се познава од која страна дува ветерот.

Да се говори за него значи да се премолчат многу работи.

При олку вампири ризично е човек да се фали со свежа крв.

На поделените народи им се множат само политичарите!

За голиот народ секоја плажа е нудистичка.

Го парчосавме каменот на мудроста: ни недостасуваше материјал за кулите во воздух.

Колку повеќе политичари по глава на жител толку пообезглавен народ.

Ветувајќи ни од пиле млеко цел живот нè молзеа.

Благодарение на камелеоните кај нас не е сè толку црно.

Парадокс: никој никого не ебава, а сите се бремени!

И магарињата се нечиј коњ за трка.

Докажувајќи дека молчењето е злато – онеме!

Си ја обезбедија иднината; им фали уште да го нашминкаат минатото!

Најде оригинален начин да се самоубие – реши да живее од работничкиот личен доход.

Обично оние што нè враќаат во минатото ни наплаќаат патарина за патот кон иднината!

Да не умреше од глад цел живот ќе живееше од ветувања.

Останаа деца на револуцијата – не престанаа да цицаат.

Во земјата на штурците на мравките не им е до песна.

Најтешко се забораваат лекциите што ни ги држат неписмените.

Сакаат од нас да направат фудбалска нација: постојано нè држат во аут.

Миле Ѓорѓиоски (1957, Кичево) е автор на неколку збирки со афоризми. Објавувал сатирични прилози во Остен, Јеж, Хумор, Секси хумор и Радио Скопје. Афоризмите со кои го претставуваме овде се преземени од неговата книга „Откоси“, издадена 1993 година. 

Илустрации: Јарек Пучел

Напишано од
More from РЕПЕР
Таткото на Црвенокосата (За „Ќерката на математичарот“ од Венко Андоновски)
Она што мене ми го привлече вниманието во овој роман е умешноста...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *