Од љубовта – љубов

Кај нас, во веќе познатата Стара скопска чаршија, има останато само уште еден занаетчија-свеќар, мајстор Лубчо.

Светлината е изворот на животот за сите суштества. Метерлинг во еден од своите романи,Сината птица, ја претставува светлината како убавица што сее благосостојба и љубов. Светлината е жена облечена во лелеав фустан, кој трепери на ветрот. Нејзините долги коси и белата снага прават сите суштества да ѝ се поклонуваат.

Денешниот човек распознава два вида светлина: природна и вештачка. Природната светлина најчесто ја добивамеод сонцето или од огнот, вештачката – од свеќа или од ламба.

Во времето кога луѓето биле многубошци и кога им принесувале жртви на боговите, како најпочитуван бог може да се издвои Богот на сонцето.

Византискиот историчар Прокопиј забележал дека Словените признавале еден бог, кој бил владетел на громовите и господар на сè, и дека само нему му принесувале животински жртви. Култот на богот на небото се испреплетува со култот на богот на сонцето. Сепак, не се знае дали тие биле одделни богови или претставувале еден ист бог. Тука разликите кај истражувачите се очигледни. Меѓутоа, најверојатно култот на богот на сонцето се истакнувал на првото место. Односот на култот на Словените кон сонцето се карактеризирал со покорна почит, но едновремено и со голема љубов.

Култот на сонцето, како што укажавме, се мешал со култот на небото, но исто така се мешал и со култот на огнот. На тоа укажуваат некои верувања на словенските народи, според кои сонцето се сметало за голем оган на небото.

Според суеверијата, светлината, освен другите функции, има и една главна: му обезбедува на човекот еден спокој и бегство од ноќните демони. Затоа, луѓето морале да измислат некој инструмент што ќе им обезбеди светлина кога тааќе отсуствува. На пример, старите Римјани се сметаат за први пронаоѓачи и корисници на свеќите. Старите свеќи биле изработени од папирус, кој претходно бил ставен и згреан во лој или во восок. Тие свеќи се користеле за осветлување на домовите, за да им помогнат на патницитепри патувањето, како и за религиските церемонии. Парафинот е триумфот при развојот на свеќите бидејќи горел подолго, бело (без многу чад) и немал мирис.

[pullquote align=”left”]Употребата на свеќите е доста значајна за човекот,особено пред откривањето на ламбата[/pullquote] Употребата на свеќите е доста значајна за човекот,особено пред откривањето на ламбата. Во 20 век опаѓа производството на свеќи бидејќи светлината наоѓа друг посредник. Меѓутоа, започнува ерата на декоративните свеќи. Тие во себе содржат секакви видови етерични масла и мириси за подобрување на расположението, а – меѓу другото – служат и како украсни предмети. Во 90-тите години свеќата како декоративен предмет се издигнува на врвот.

Кај нас, во веќе познатата Стара скопска чаршија, има останато само уште еден занаетчија-свеќар, мајстор Лубчо. Тој ги следи чекорите на дедо си и на татко си… Сѐ започнало од љубов, ни раскажуваше мајстор Лубчо: „Дедо ми се заљубил во една прилепчанка, т.е. во баба ми. Нејзините браќа биле занаетчии, свеќари. Тој секогаш кога одел кај неа во посета, поминувал доставреме со нејзиното семејство. И така се раѓа љубовта за свеќите при самата љубов“.

Оваа интересна приказна не завршува тука. Од 1919до 1964година, во Скопје, во Старата скопска чаршија, мајстор Митре го работи свеќарскиот занает со неизмерна љубов. Овој човек бил првиот што го донел занаетот во Скопје. Мајстор Митре, дедото на мајстор Лубчо, неслучајно по цели денови го држел својот внук покрај себе. „Јас не работев ништо посебно, им носев чај, му помагав на дедо ми при изработката на свеќи, но таа помош беше минимална. Само се врткав околу него и со почит ја следев неговата работа“. По смртта на мајстор Митре, овој занает го наследува таткото на Лубчо.

„Татко ми работеше државна работа, но кога дедо ми се разболе, му остави еден аманет. Да ја напушти работата и да го преземе дуќанот во Старата чаршија“. Татко му на Лубчо бил мајстор на занаетот од 1964 до 1978година. По неговата изненадна смрт, Лубчо уште како дете го презема семејното богатство и го продолжува занаетот да тлее сѐ до денес.

Тој ни раскажуваше дека основните суровини на свеќата се парафинот и памучниот конец. Парафинот се добива со фракцитна дестилација на сурова нафта, но постојат свеќи и со пчелин восок. Природната боја на парафинот е бела, но за добивање на посакуваната боја се ставаат т.н. парафински бои. Со еволуцијата, по синтетички пат се добил восок наречен брајштук, кој е замена за природниот восок. Неговата цел е постигнување поголема еластичност бидејќи кога се создаваат свеќите зиме, температурата не смее да биде помала од 27 степени оти тогаш ќе започне пукање на свеќата. Со примената на овој вештачки восок, тоа се избегнува.

Мајстор Лубчо, посветениот свеќар, чиј доста скромен и мал дуќан се наоѓа на калдрмата на Старата скопска чаршија пред Безистен, со солзи во очите се присетуваше на далечното минато кога сите занаети цветаа: „Чаршијата никогаш повторно нема да биде чаршија“.

Напишано од
More from РЕПЕР
Македонците треба да бидат посигурни во себе
Македонците се гостољубив народ, секој што доаѓа тука ги чувствува топлината со...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *