Секое чудо три дена. Само нашево чудо – со децении!

dm

Имавме јасна визија, ама ни ја поматија оние што продаваат магла!

Земјата ни е тешка кога сме живи. А кога ќе умреме – лесна ни земја!

Како да замислам пет македонски политичари, кога не можам ниту еден да смислам?!

Ќе отворам банка за сперма. Почетниот капитал ми е при рака.

Народот игра онака како што свират шупелките.

Кентаур е коњ со човечка глава. Политикант е човек со коњски мозок.

Подобро пет до дванаесет, отколку ниедна после еден.

Подобро 7 пати со Снежана, отколку по еднаш со седумте џуџина.

Работата е многу слатка, но јас сум шеќераш.

Несреќа е кога среќата ти тропне на врата, а ти не си дома.

Подобро да водиш љубов, отколку да водиш куче.

Жената за мене е закон! Ама ги сакам дупките во законот!

dm2

Немојте да умрете рано наутро. Ќе си го расипете целиот ден.

Повеќе ја сакам владата отколку жената! Владата поредовно ме секса.

Немојте да ме сметате во сточен фонд. Јас само така живеам.

Мислевме дека народот и политиката немаат ништо. А потоа се испостави дека само народот нема ништо.

Нашиот компас нема потреба да има игла. Каде и да сме – изгубени сме!

Секое чудо три дена. Само нашево чудо – со децении!

Во догледно време Балканот ќе стане Америка. Барем по бројот на држави.

На прагот на Европа сме. Затоа сите си ги бришат нозете од нас.

 

Васил Толевски (1956 г.) е македонски сатиричар и хуморист, кој пишува афоризми, хуморески, монодрами, скечови и сатирични текстови. Добитник е на бројни награди за своите дела, а преведуван е на многу јазици. Автор е на десетина книги со афоризми.

Афоризмите се преземени од vasiltolevski.com.mk

Карикатури: Делчо Михајлов

Leave a Reply

Your email address will not be published.