Значење без услови за вистина

Осврт кон концептуалната инсталација на Томас Ехгартер, еден длабоко осмислен проект, дело што суптилно, но силно ја пренесува својата порака.

1

(концептуална инсталација на Томас Ехгартер)

Со оглед на тоа што „Репер“ е централно насочен кон литературата, односно е инициран од луѓе што се мотивирани да ги следат актуелните текови во литературата воопшто, решив овој свој прв осврт да го започнам со уметност што концептуално е поврзана со литературата. Уметничката инсталација што ја гледаме во овој проект е всушност целина од подот, кој е целосно наместен со книги, како огромен рафт од библиотека поставен хоризонтално, додека до скалите горе, во едниот агол на собата или на ѕидот, има моделирано, т.е. изградено гнездо.

Ова е длабоко осмислен проект, дело што суптилно, но силно ја пренесува својата порака, а за целиов концепт уметникот Томас Ехгартер (Thomas Ehgartner) користи околу 8000 книги. Бројката од речиси 8000 книги, кои се повеќе од доволни за домашна библиотека, беше само предизвик за неговиот концептуален и визуелен пристап потребен за реализирање на ова дело.

„Значење без услови за вистина“ (Meaning Minus Truth Conditions) на Томас Ехгартер (Thomas Ehgartner) е одличен проект, кој повторно им дава на книгите сосема друго значење од основното. Ги заигрува и ги става во сосема нова функција, поразлична и сосема невообичаена досега. Знаеме дека многу современи уметници се ставија во погон да ги ремоделираат досегашните дизајни и пристапот до книгите, па, така, од нив почнаа да изработуваат скулптури, тродимензионални илустрации, да ги оцветуваат и да сликаат врз нив, дури и да бараат скриени пораки помеѓу зборовите и редовите.

Овој силен, крут, но геометриски прецизен израз на Томас зборува за едно поразлично перципирање на вистината за книгите. Тој ја создава основата на еден светоглед, стабилноста, подот по кој се оди, додека својата видливост, перцепцијата, ја крева угоре кон гнездото; навидум луѓето се птици, гнездото е нивниот дом, а мислите можат да ги прелетаат книжните предели.

Рекултивацијата и ревитализацијата на старите книги се носечки елемент на оваа концептуална инсталација. Тој го искористил ателјето за скулптура во Академијата за применета уметност во Виена како идеален простор за развивање на својата идеја. Иако ова е проект што датира од 2006 година, актуелноста на книгите го прави целосно атрактивен и од денешна перспектива.

2

Со овој проект, тој се обидува да фрагментира една комуникација што е сосема актуелна, атрактивна (или можеби не), а се однесува на презаситеноста на младите со информации, со огромната количина податоци што не можат да се занемарат. Со таквите податоци и со начинот на кој тој ги подредува, открива строго прагматично-лингвистички аспекти, со кои се занимава овој концепт на инсталација. Тој се обидува да создаде од подот фрагмент, основа, база на своето познавање, на своето движење и навигација, архива на бесконечната целина во која се движи.

3

Со гнездото се обидува да го пренесе гласот на оние виртуелни платформи како „Википедија“, платформи што пренесуваат официјални податоци, оние што на некој начин може да те однесат горе, да те стабилизираат во небото, да ти наметнат некоја интимна сигурност и безбедност во летањето (читај: мислењето), но се нецелосни, налепени, леветирачки. Таквите гласови се вистински за време на инсталацијата, секој од посетителите може да го слушне гласот, кој работи како програма, која е всушност препознавач на одреден ракопис или виртуелен говор. Томас Ехгартер со овој концептуален проект се обидува да го анализира модерното живеење, да даде рефлексија на начинот на кој ги примаме информациите, како учиме, но и како да се подготвиме за новите модели на информирање, односно на едуцирање.

6

Социјално ангажиран проект што пресликува одредени општествени стандарди, но истовремено нуди имагинативност, креативност и уметнички идентитет на авторот.

8

Авторот е концептуален уметник, поет и младински/граѓански активист. Блогер, отворен за соработка

Напишано од
More from РЕПЕР
Оригами работилница
Ви пренесуваме дел од работилницата за оригами на Вера Велевска...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *