Уметност во секојдневните предмети

gligor

Обетки, игли за коса, нараквици, ѓердани, прстени, брошеви… сите од дрво, со необичен и несекојдневен облик, дизајн, изглед, бои. Накратко тоа би можело да се каже за накитот на Глигор Кузмановски кој веќе две години го изработува. Тој исто така изработува и скулптури од дрво, но сепак, овде се решивме да го претставиме првенствено преку предметите за секојдневна употреба, односно сите оние мали и поголеми парчиња, познати и под називот „модни додатоци“.

[nggallery id=1]

 

Глигор Кузмановски е роден во Скопје, 1979 г. Завршил студии по Историја на уметност и археологија на универзитетот Кирил и Методиј. Со дрвото се друзел спорадично… изработка на сопствени играчки, обиди во скулптура (групни изложби во Скопје и Свети Николе), меѓутоа последниве две години решава да се посвети на изработка на накит – вметнувајки ја уметноста кај секојдневите минувачи (скулптури за тело). Досега има учествувано на најразлични настани: Изложба во склоп на Поетските вечери во Велестово(2011), групна изложба со колегите дизајнери- Накит на Метро (МКЦ- Скопје 2012), соработка со модната дизајнерка Росица Мрсиќ за колекцијата есен-зима 2011/12, потоа и пролет-лето, со која се претставивме на Skopje Fashion Week 2012 и последно Skopje Design Week 2012.

Leave a Reply

Your email address will not be published.