Кога небото ќе се насели во нашите лица

Пред речиси еден месец во галеријата на скопскиот Младински културен центар беше отворена изложбата на Ване Костуранов, ликовен уметник, илустратор и дизајнер чиишто дела се едни од најбараните во земјава… Изложбата насловена „Небо во лицата“ беше негова четврта самостојна изложба пред скопската публика. Оние кои поради одредени причини не можеа да ја посетат, можат да  погледнат избор од сликите во нашата галерија.

Ване Костуранов е роден 1979 година во Струмица, каде што живее и работи. Љубовта кон сликарството му се роди уште пред да ја научи азбуката. На 19 години си гради атеље во дворот од неговата куќа и целосно му се посветува на неговото сликарство. После неколку години од вратата на атељето почнаа да излегуваат луѓе, животни, куќички…

Leave a Reply

Your email address will not be published.